Дома Фудбал Eден од најомилените фудбалери во светот на своето последно Светско првенство не доби ниту минута

Eден од најомилените фудбалери во светот на своето последно Светско првенство не доби ниту минута

Легендарниот француски репрезентативец и голем борец, кој секогаш го даваше своето најдобро за националниот тим, Н’Голо Канте, неочекувано тажно го заврши својот последен настап на Светското првенство.

Овој човек, кој до сега не можевте да го видите без широката, искрена насмевка што го карактеризира како играч кој најмногу го сакаше својот спорт, не доби шанса да одигра ниту минута на своето последно првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Франција беше елиминирана во полуфиналето на Светското првенство од страна на Шпанија, а пред нив сега стои уште натпреварот за третото место. Иако Канте веројатно би можел да се најде на теренот тогаш, тоа ќе биде слаба утеха, бидејќи не доби ниту минута на теренот додека Франција атакуваше кон ново светско злато под водство на Дидие Дешан.

На последните фотографии од кампот на Франција и од стадионите каде што времето го поминуваше како нем гледач, видно е дека насмевката од лицето на Канте исчезнала.

Тој со години беше непроценлив играч во средниот ред на Франција, човек без чија неуморна работа не би се постигнале резултатите што оваа селекција ги имаше во претходната деценија.

Канте одигра голема улога во освојувањето на титулата светски шампион во 2018. година, но на ова првенство не доби прилика да се збогува достоинствено од најважното натпреварување во светот.

Денес Канте има 35 години и игра за Фенербахче, па тешко е да се очекува враќање во француската селекција и нов настап на наредниот Мундијал за четири години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивач му даде палестинско знаме на Инфантино, еве како реагираше (Видео)

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, присуствуваше на синоќешниот натпревар од полуфинал…