Дома Фудбал Приказната на Лапорт: Како Дешан го избрка од Франција и како ја сервира својата одмазда во дресот на Шпанија

Приказната на Лапорт: Како Дешан го избрка од Франција и како ја сервира својата одмазда во дресот на Шпанија

Ејмерик Жан Луи Жерар Алфонс Лапорт, тоа е целосното име на репрезентативецот на Шпанија и човекот кој ја зацврстува одбранбената линија на Црвената фурија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лапорт е член на стартните 11 на Шпанија, и имаше значајна улога во триумфот над Франција (2:0) во полуфиналето на Светското првенство.

Лапорт стана првиот фудбалер во историјата кој ја победи својата татковина во полуфинале на Светското првенство. Тој е роден на југозападот на Франција, во градот Ажен на 27 мај 1994 година. Во младите категории има одиграно повеќе од 50 натпревари за Франција, но никогаш не му била дадена шанса да го носи дресот на А тимот. Со години наназад е столб на одбраната и европски шампион со Шпанија.

Лапорт е роден во баскиска фамилија во францускиот дел на оваа провинција. Приказната за тоа како решил да го промени своето фудбалско државјанство претставува еден од најинтригантните и најконтроверзните премини во модерниот европски фудбал. Како, всушност, Лапорт реши да го „смени таборот“?

За сето ова е виновен Дидие Дешан, селекторот на францускиот национален тим! Лапорт бил исклучително ценет во францускиот фудбалски систем во младинските категории. Играл 51 натпревар за селекциите на Франција од У17 до У21, па дури и бил капитен на младинската репрезентација.

Селекторот на А репрезентацијата на Франција, Дидие Дешан го повикуваше Лапорт три пати во националниот тим во текот на 2016 и 2017 година, за натпреварите против Бугарија, Холандија и Шпанија. Сепак, Лапорт ги преседе сите тие натпревари на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено каква драма се случувала во домот на Јамал за време на натпреварот Шпанија – Франција

Вистинска драма се случувала синоќа во куќата на Ламин Јамал во Барселона за време на полу…