Дома Трансфер зона Навивачите не забораваат: Ачерби е ултрас на Милан кој му ја „одзема“ титулата на Интер и се изнасмеа!

Навивачите не забораваат: Ачерби е ултрас на Милан кој му ја „одзема“ титулата на Интер и се изнасмеа!

Интер во финишот од преодниот рок беше во потрага по централен дефанзивец, а на крајот пристига Ачерби.

Симоне Инзаги го доведе Ачерби затоа што го познава од соработката во Лацио, но овој трансфер воопшто не им се допаѓа на навивачите на Интер. Ачерби не криел дека е навивач на Милан, а дури потврди и дека одел на трибината со ултрасите на „росонерите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Навивач сум на Милан. Во минатото бев член на „Fossa dei Leoni“ (ултрас навивачката група на Милан). Со пријателите одев на натпревари на Милан на „Сан Сиро“. Последниот натпревар на кој бев е полуфиналето во Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед во 2007 година“; изјави Ачерби пред неколку години во интервјуто за „Газета дело Спорт“.

Ачерби во минатото исто така беше играч на Милан. Во клубот настапуваше половина година во сезоната 2012/2013 и одигра 10 натпревари.

Но, уште еден дури и поважен детал поради кои навивачите на Интер не го сакаат Ачерби се случи минатата сезона кога Интер и Милан беа во жестока битка за титулата.

Тимот на Стефано Пиоли во 34. коло играше против Лацио и ако тој натпревар завршеше 1:1 како што беше се до 92. минута Интер ќе останеше во пол-позиција во последните три кола.  Овој натпревар Милан го доби само поради грешката на Ачерби пред самиот крај.

Освен тоа камерите дури го забележаа и како се смее после киксот кој го направи, а Милан дојде до победа и го презема врвот на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Медиумите по потписот го потсетија Ракитиќ на изјава до 2006 година

Хрватскиот ветеран Иван Ракитиќ и официјално беше претставен како нов фудбалер на Хајдук о…