Дома Фудбал Англија Мурињо ја шокира цела Англија со изјава за Кејн

Мурињо ја шокира цела Англија со изјава за Кејн

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо ја вознемири англиската јавност откако изјави дека напаѓачот Хари Кејн може да ја пропушти целата сезона.

Ѕвездата на Тотенхем и англиската репрезентација ја повреди тетивата на бутниот мускул и беше опериран, а никој не знае колку време ќе трае неговата рехабилитација.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Иако првичните прогнози беа дека ќе се врати на терените во април, сепак Мурињо тврди дека Англичанецот може да се врати дури другата сезона.

„Лекарскиот тим го прави најдоброто што може. Немам никакви вести за Хари и ако ме прашувате секој ден, одговорот секогаш ќе биде ист. Очекуваме да биде во аут до крајот на април. Може да се врати во мај, а може дури следната сезона. Не знам“, изјави „Специјалниот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Од фудбалот заработуваше 225 евра, а денес ќе дебитира на Европско првенство!

Една од најневеројатните приказни на ЕП 2024 во Германија е поврзана со репрезентацијата н…