Дома Фудбал Англија Мурињо по тешкиот пораз: Човекот на теренот не е судија, судијата е скриен во неоја канцеларија

Мурињо по тешкиот пораз: Човекот на теренот не е судија, судијата е скриен во неоја канцеларија

Тотенхем вчера гостуваше кај Шефилд и доживеа тежок пораз.

Шефилд славеше со 3:1 и така му направи дополнителни проблеми на Тотехем на кој сезонава не му оди, „петлите“ се наоѓаат на деветтата позиција. Можеби поинаку ќе беше ако ВАР не го поништетеше голот на Тотенхем за 1:1 во 33. минута. После неколку враќања на снимката луѓето во ВАР собата заклучија дека Моура играл со рака пред топката да дојде до Кејн.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


После натпреварот тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо не можеше да го сокрие разочарувањето од ВАР и судиите.

„Не можам да го кажам она што го мислам, ќе ме суспендираат, а не го сакам тоа. Немојте да ме прашувате. Би сакал да кажам, но не можам“, изјави Мурињо.

Потоа Мурињо беше запрашан дали разговарал со судијата.

„Дали разговарав со судијата? Со кој?…Овој овде? Овој не е судија, судијата е скриен во некоја канцеларија. Судијата не е човекот на теренот, тој не одлучува. Главните одлуки на теренот денес ги носат некои луѓе од канцеларии. Затоа не зборувам со помошникот судија кој е на теренот со свирче“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона го избра Влаховиќ, но Србинот е на прагот да постигне договор со друг гигант

Шпанскиот гигант Барселона веќе извесно време бара замена за Роберт Левандовски, бидејќи П…