Дома Трансфер зона Мурињо повторно тргнува по Перишиќ

Мурињо повторно тргнува по Перишиќ

Тотенхем е силно заинтересиран за крилниот играч на Интер, Иван Перишиќ, пренесуваат медиумите на Островот.

Хрватот оваа сезона играше на позајмица во Баерн Минхен, но Баварците не ја искористија можноста за негов откуп, па ќе се врати во Интер.

Јасно е дека за Перишиќ нема место во тимот на Конте, па Мурињо сака да ја искористи таквата ситуација.

Мурињо го сакаше Перишиќ пред три години кога го водеше Манчестер Јунајтед, но тогаш не беше спремен да плати 50 милиони евра.

Сега Интер сака да се ослободи од Хрватот и е спремен да го пушти за 20 милиони евра, сума која Тотенхем е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Де Јонг го одбил Манчестер Јунајтед – сака да игра во Лигата на шампионите

Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг пред себе ма тешка задача да го врати ти…