Дома Фудбал Англија Мурињо го „пецна“ својот играч: Ќе зборува после мене, само не го прашувајте за голот во неделата

Мурињо го „пецна“ својот играч: Ќе зборува после мене, само не го прашувајте за голот во неделата

Meнаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо и стоперот Девисон Санчез го најавија натпреварот кој овој тим ќе го игра против австриски ЛАСК денес во новата сезона од Лигата на Европа.

Спарсите за викендот одиграа драматичен меч против Вест Хем во кој водеа се до 82. минута, но на крајот тој заврши 3:3. Мурињо посебно повика на внимателност, но не зборуваше многу за составот со кој ќе игра.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Единствениот играч за кој можам да ви потврдам дека ќе игра е Дависон Санчез кој после мене ќе даде изјава. Само немојте да го прашувате за голот кој го постигна во неделата“, изјави Мурињо и алудираше погодокот кој Санчез го постигна во сопствената мрежа за 3:2“.

Жозе беше убеден дека Вест Хем не може да им се повтори.

„Верувам дека можеме да одиграме уште 50 натпревари во кои ќе имаме 3:0 во 80. минута и во кои такво нешто нема да се случи“, изјави помеѓу другото Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед и Наполи се во преговори за трампа

Со приближувањето на летниот трансфер период, Манчестер Јунајтед има за цел да го подобри …