Дома Фудбал Англија Морган: Потсмевајте се, но Арсенал ќе беше шампион ако го доведеше Роналдо

Морган: Потсмевајте се, но Арсенал ќе беше шампион ако го доведеше Роналдо

Кристиано Роналдо во јануари го напушти Манчестер Јунајтед и се пресели во Саудиска Арабија каде стана најплатен фудбалер во светот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Португалецот јавно го нападна Манчестер Јунајтед во интервју кај Пирс Морган и беше во потрага по нов клуб, а негова желба беше да се пресели во Арсенал.

Според Морган, кој е голем навивач на Арсенал, 38-годишниот Португалец ќе завршел во Арсенал доколку „топчиите“ го побарале.

„Потсмевајте се колку сакате, но ако потпишавме со Роналдо кога си замина од Манчестер Јунајтед, како што тој сакаше до крајот на сезоната, ќе ја освоевме лигата. Тој знае како да освојува големи титули и да дава голови кога е најпотребно“, напиша Морган на Твитер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Против Шкендија отворена постапка по шест точки: Соопштението е навреда за здравиот разум!

Дисциплинската комисија на Фудбалска федерација на Македонија, по разгледување на службени…