Дома Фудбал Бомба: Варселона го договори трансферот на Габриел Жезус

Бомба: Варселона го договори трансферот на Габриел Жезус

Барселона е во многу напредна фаза на преговори со Арсенал за трансфер на напаѓачот Габриел Жезус, информираат Фабрицио Романо и Матео Морето. Се очекува зделката да биде вредна 10 милиони евра плус бонуси, а лондонците веќе му одобрија на бразилецот да патува за медицински прегледи.

29-годишниот Жезус имаше договор со Арсенал до 2029 година. Наполи исто така покажуваше сериозна заинтересираност за него, но се чини дека неговата иднина ќе биде на „Камп Ноу“.

Бразилецот постигна 95 гола во 236 натпревари за Манчестер Сити помеѓу 2016 и 2022 година под водство на Пеп Гвардиола, а потоа додаде 33 голови во 123 натпревари со Арсенал помеѓу 2022 и 2026 година.

Во последните денови се зборуваше дека Барселона се откажува од ангажман на друг напаѓач доколку не успеат со големата трансферна цел Хулијан Алварес од Атлетико Мадрид. Но, во крајна линија, раководството на каталонците очигледно одлучи да внесе уште еден човек во нападот. Тој ќе биде употребен во улогата на типичен централен напаѓач на местото на Роберт Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бомба! Арсенал го продаде Мартинели за 65 милиони евра!

Габриел Мартинели повеќе не е играч на Арсенал. Според информациите на Фабрицио Романо, ти…