
Ливерпул го финализираше трансферот на Бредли Баркола од Париз Сен Жермен, при што францускиот репрезентативец потпиша долгорочен договор со англискиот гигант, вреден дури 140 милиони евра со бонуси.
Преселбата беше спроведена по успешно поминување на медицинските прегледи и завршување на сите формалности во тренинг центарот на Ливерпул. Неговиот трансфер сè уште чека официјално одобрување од меѓународната комисија.
Ова 22-годишно крило ќе носи дрес со број 29 на Енфилд, а по потпишувањето на договорот не го криеше задоволството.
“Голема чест е да се игра за Ливерпул. Многу сум среќен. Потребно беше време, но денес сум искрено радосен што ќе играм за Ливерпул. Сè што посакувам е да излезам на терен и да играм,” изјави Баркола.
Французинот веднаш откри и кој е еден од неговите најголеми цели во новиот клуб.
“Се надевам дека ќе достигнам големи резултати. Најпрвин сакам да ја освоиме Премиер лигата. Тоа е еден од моите најголеми соништа во животот. Сакам тоа да го остварам и долго да останам во оваа екипа. Затоа и потпишав долгорочен договор,” додаде новиот играч на ‘Црвените’.
Баркола на Енфилд доаѓа како едно од најинтересните офанзивни засилувања на Ливерпул. Во текот на трите години во ПСЖ, тој има одиграно дури 152 натпревари, постигнал 39 голови и регистрирал 35 асистенции.