
Во Манчестер Сити се уверени дека ќе успеат да го финализираат навреме трансферот на Коди Гакпо од Ливерпул, тврди Фабрицио Романо.
Уште вчера трансферниот експерт откри дека холандското крило дало согласност да се пресели на „Етихад“ и го претпочита овој трансфер пред тоа да потпише со Тотенхем, кој исто така покажува силен интерес за него.
Гакпо беше стартер во првите два натпревари на Ливерпул, при што против Њукасл постигна гол, а во вчерашниот дуел со Нотингем Форест асистираше на Александер Исак за неговиот погодок. Интересно е дека во вториот натпревар Андони Ираола го премести на десната страна, но сепак Гакпо добро се претстави на невообичаената за него позиција.
Ливерпул ќе го продаде Гакпо само ако донесе уште еден фланговски фудбалер, покрај Брадли Баркола, кој денес или утре официјално треба да стане играч на мрсисајдците. „Црвените“ покажуваат интерес за Јанкуба Минте и Исмаила Сар, но првите нивни понуди беа одбиени од Брајтон и Кристал Палас.