Дома Фудбал Челси ќе плати 48 милиони евра за 18-годишен талент и веднаш ќе го испрати на позајмица

Челси ќе плати 48 милиони евра за 18-годишен талент и веднаш ќе го испрати на позајмица

Челси постигна договор за трансфер на Хонест Аханор (18) од Аталанта по сума која со бонуси би можела да достигне 48 милиони евра. Според информациите на Sky Sport Italia и Фабрицио Романо, младиот талентиран дефанзивец по трансферот веднаш ќе биде испратен на позајмица во Кристал Палас.

Се очекува Аханор да патува денес за медицинскиот преглед. Челси засега нема планови да го приклучи кон првиот тим, а Кристал Палас доби предност за позајмицата во конкуренција со Брајтон. Ова е веќе втора значајна продажба на Аталанта на Челси ова лето, по трансферот на Марко Палестре за кој лондонскиот клуб потроши над 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го растури Вилјареал со 0-6: Четири гола уште до 17. минута!

Пари Сен Жермен го задржа максималниот ефект во Лигата на шампионите со убедливи 0-6 на го…