Дома Фудбал Барселона на праг да го доведе Габриел Жезус

Барселона на праг да го доведе Габриел Жезус

Барселона е многу блиску до ангажирање на Габриел Жезус (29) од Арсенал. Според информациите од Cadena SER и AS, преговорите се во завршна фаза и каталонскиот клуб очекува да плати околу 10 милиони евра плус бонуси за бразилскиот напаѓач.

Жезус веќе не е клучен дел од плановите на Арсенал, а неговиот договор истекува следното лето. Барселона го гледа како добра можност за засилување на нападот по заминувањето на Роберт Левандовски. Ханси Флик го поддржал неговото доаѓање, а медицинските прегледи се очекуваат пред официјалната објава на трансферот.

Весникот El País оди чекор понатаму и тврди дека зделката е практично завршена за околу 10 милиони евра. Жезус се приклучи на Арсенал од Манчестер Сити во 2022 година, а пред неговото заминување во Англија играше за Палмеирас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандал каков што не се памети го тресе „Енфилд“!

Ричард Хјуз официјално го напушта Ливерпул и ќе стане нов спортски директор на Ал Хилал, н…