Дома Фудбал Скандал каков што не се памети го тресе „Енфилд“!

Скандал каков што не се памети го тресе „Енфилд“!

Ричард Хјуз официјално го напушта Ливерпул и ќе стане нов спортски директор на Ал Хилал, но приказната тука станува многу поинтересна затоа што се тврди дека веќе е вклучен во летниот преоден рок на саудискиот клуб.

Според информациите објавени од Ромен Молина, Хјуз практично го балансирал помеѓу две работни места ова лето, и истовремено се занимавал со трансферите на Ливерпул и Ал Хилал.

Хјуз дојде во Ливерпул на позицијата спортски директор и презеде важна улога во креацијата на трансфер политиката на клубот, а сега е потврдено дека неговото следно ангажирање го води во Саудиска Арабија.

Особено внимание привлекува тврдењето дека не чекал официјално да замине од Ливерпул за да почне да работи за новиот клуб, туку дека веќе ги надгледувал активностите на Ал Хилал на пазарот.

Тоа значи дека еден од луѓето задолжени за трансферите на Ливерпул истовремено бил вклучен и во планирањето на работата на другиот клуб, што на целата приказна и додава сосема нова димензија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Победата од 5-2 не ги смири навивачите на Јунајтед: ИНЕОС доби брутална порака поради една ѕвезда

Манчестер Јунајтед успеа да оствари убедлива победа против Ипсвич, но славјето на Олд Траф…