Медиумите во Италија пишуваат за можен изненадувачки трансфер на Марио Балотели.
Наводно, контроверзниот Балотели е пред трансфер во редовите на Џенова! Според информациите кои доаѓаат од Апенините менаџерот на Балотели, Мино Раиола и го понудил „Супер Марио“ на Џенова, а клубот му возвратил со понуда за договор на една година. Очекувањата се Балотели да ја прифати ваквата понуда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Балотели минатата сезона беше во Бреша меѓутоа откако клубот испадна од Серија А, а и поради неговиот конфликт со управата си замина. Се најавуваше дека ќе оди надвор од Италија, но сега е блиску да остане во најсилната италијанска конкуренција.
Трансферот на Балотели во Џенова би значел дека тој повторно ќе игра игра заедно со македонската фудбалска икона Горан Пандев со кого заедно во Интер стигнаа до триплета во 2010 година.