Дома Топ вести Модриќ: Како што Реал продолжи без Роналдо, така ќе мора и Барса без Меси

Модриќ: Како што Реал продолжи без Роналдо, така ќе мора и Барса без Меси

Лука Модриќ после Серхио Рамос го коментираше можното заминување на Лионел Меси од Барселона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меси пред две недели од управата на Барселона побара заминување. Аргентинецот во клубот е 20 години и тоа секако беше голем шок за навивачите и раковдството.

И Модриќ слично како и Рамос (неговата изјава можете да ја прочитате тука) смета дека заминувањето на Меси би бил голем удар за Ла Лига.

„Заминувањето на Меси би бил огромен удар, не само за Барселона туку и за цела Лига. Исто како што беше кога Роналдо го напушти Реал пред две години. Меѓутоа не можеме да бидеме заробеници на минатото. Во фудбалот играчите ги менуваат клубовите во кои играле долго време, тоа е така и така ќе биде“.

„Меси ќе го нема, но Барселона мора да продолжи и без него и нови играчи ќе бидат ѕвезди. Како што Реал продолжи без Роналдо, така ќе мора и Барселона“, изјави Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…