Дома Фудбал Големи зборови за Меси од најголемиот ривал во Шпанија: Меси ја прави цела Ла Лига подобра

Големи зборови за Меси од најголемиот ривал во Шпанија: Меси ја прави цела Ла Лига подобра

Лионел Меси минатата недела сите ги изненади кога испрати допис до челниците на Барселона со кој побара раскинување на соработката.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Аргентинецот е незадоволен поради случувањата во клубот во претходните сезони, а не е тајна и дека во лоши односи со раководството. После бламажата во Лигата на шампионите Меси донесе одлука да сврти нова страница.

Меси целата досегашна кариера ја помина во Барселона со која освои се што можеше да се освои. Стана заштитен знак на клубот и она што сега се случува е шок за сите.

На оваа тема зборуваше и капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос кој призна дека заминувањето на Аргентинецот ќе биде голема загуба за цела Шпанија.

„Меси заслужи самиот да одлучува за својата иднина. Тој „Ел Класико“ го прави поубаво неговото заминување би бил голем удар за Шпанија. Меси ја прави цела Ла Лига подобра“, изјави Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик во голема дилема пред „Ел Класико“

Фудбалерите на Барселона денес имаат историска шанса против својот најголем ривал Реал Мад…