Дома Македонски спорт Мак фудбал Младите Срби со нов селектор против Македонија!

Младите Срби со нов селектор против Македонија!

0

Фудбалскиот сојуз на Србија непосредно пред новогодишните празници реши да го смени селекторот на фудбалската репрезентација до 21 година, Томислав Сивиќ.

Инаку ФСС го смени селекторот и покрај тоа што тој низ баражот успеа да обезбеде пласман на Европското првенство. Според некои српски медиуми нов селекторт на репрезентацијата до 21 година ќе биде некогашниот фудбалер на Партизан, Гордан Петриќ, кој пред десет дена поднесе оставка на тренерската функција во Чукарички.

Европското првенство во Полска ќе се одржи од 16 до 30 јуни наредната година, а во групата Србија ќе биде еден од противниците на Македонија, покрај селекциите на Португалија и Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Мак фудбал

Проверете

Руска судиска двојка на натпреварот Македонија – Чешка

Европската куќа на ракометот  делегира судиска двојка од Русија, за натпреварот против Чеш…