Дома Македонски спорт Мак ракомет Младите ракометари поразени во вториот контролен меч против Катар

Младите ракометари поразени во вториот контролен меч против Катар

Младинската машка ракометна репрезентација на Македонија до 21 година, е поразена со два гола разлика од нивните врсниците од Катар.

На вториот пријателски натпревари меѓу Катар и Македонија кои се одиграат во Доха, избраниците на селекторот Илија Темелковски вчера беа поразени си 25-23 полувреме 13-11 за домашната репрезентација.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


За разлика од вчерашниот прв меч во кој црвено-жолтите направија прсврт во вториот дел откако првиот го губеа (16-13), па на крајот победија со 25-24 денеска за тоа немаа сили.

Филип Талески со седум гола беше прв стрелец на овој натпревар, пред Димитриоски и Велковски со по три погодоци.

Македонските ракометни надежи утре се враќа во Скопје, каде ќе ги финализираат подготовките пред стартот на Светското првенство во Алжир.

Македонија настапот на Мундијалот ќе го почне на 18 јули со дуел против Русија. Во групната фаза, нашите репрезентативци ќе се сретнат уште со Шпанија, Тунис, Бразил и Брукина Фасо. Четирите најдобро пласирани селекции од групата, го продолжуваат натпреварувањето во елиминациската фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…