Дома Македонски спорт Мак ракомет Младите момци на Голден Арт КЛ7 со минимален пораз од Еурофарм Пелистер 2

Младите момци на Голден Арт КЛ7 со минимален пораз од Еурофарм Пелистер 2

Голден Арт КЛ7 со минимален пораз ги стратуваше серијата подготвителни натпревари за престојната сезона.

Во салата „Тодор Александров”, која веќе втора година е база на нашите ракометари во Охрид, противник на нашиот тим беше поискусната екипа на Еурофарм Пелистер 2.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Натпреварот во целиот свој тек беше неизвесен, и ниту една екипа немаше предност поголема од два разлика. На полувремето биолчани имаа предност од 12:11, а крајниот резултат гласеше 21:23 за Еурофарм Пелистер.

Имајќи предвид дека се работеше за подготвителен натпревар, двајцата тренери, Бошковски и Јовиќ, дадоа можност за воигрување на повеќе ракометари од своите редови. Кај Голден Арт КЛ7 поради повреди не настапија Никола Цветаноски, Емилијан Ѓорговски и Андре Буторац, но и без нив нашиот тим одигра солиден подготвителен натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Еурофарм Пелистер го чека нов натпревар во ЛШ: Германскиот вицешампион гостува во Битола

Eурофарм Пелистер утре го игра првиот натпревар на домешен терен во Лигата на шампионите, …