Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ води битка со леукемијата, но денес ќе го води својот тим од клупата во првиот натпревар од сезоната.
Михајловиќ после само 40 дена борба со леукемијата решил да излезе од болница, за да ја води Болоња од клупата на мечот против Верона.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Според „Ла газета дело спорт“, 50-годишниот српски стратег си заминал од клиниката во Болоња првпат по шест недели хемотерапија, откако претходно го водеше својот тим преку видео-линкови.
Од управата на калчолигашот потврдија дека Михајловиќ пак се враќа на терените и на клупата на Болоња ќе седи на натпреварот против Верона.
Српскиот тренер во моментов е во стабилна состојба, но фазата на лекување се уште не е завршена.
Clamoroso #Bologna: #Mihajlovic in panchina a Verona! https://t.co/HzVPiVWHRH #serieA #bologna
— LaGazzettadelloSport (@Gazzetta_it) August 25, 2019