Американската скијачка, Михаела Шифрин славеше на денешниот слалом одржан во австрискиот Линц.
Ова за неа беше петта победа сезонава или вкупно 36. во кариерата.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Таа по двете трки имаше вкупно време 1:43.87 минута. Второто место го освои Венди Холденер, додека трета заврши Фрида Хансдотер од Шведска.
Во генералниот пласман води Шифрин со 821 бод, пред Германката Викторија Ребенсбург со 430, а третопласирана е Тина Вајратер од Лихтенштајн со 374.
Шифрин во пласманот за слалом е прва со 380 бодови.
Ова беше последната трка од Светскиот куп кај жените за оваа календарска година, а следната ќе се одржи на 3 јануари на Сљеме кај Загреб.