Дома Македонски спорт Мак фудбал Миовски: Ќе ми биде многу драго почнам да постигнувам голови и во националниот дрес – чувството е различно!

Миовски: Ќе ми биде многу драго почнам да постигнувам голови и во националниот дрес – чувството е различно!

Македонската А репрезентација го оддржа вториот тренинг во турска Анталија како подготовка за контролните натпревари против Молдавија и Црна Гора. Репрезентацијата денеска ќе биде во комплетен состав со приклучувањето доцна попладне на Бојан Димоски. 

Нашиот напаѓач, Бојан Миовски смета дека овој период е одличен за подготовка на тимот и се надева на позитивни резултати против Молдавија и Црна Гора. 


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Секогаш е одлично чувството кога одново сме во репрезентативниот дрес. Убаво е да се видиме после подолг временски период и гледаме позитивно на натпреварите кои ни следуваат“.

– „Доколку целта е да играме на големо натпреварување треба да играме со одлични репрезентации и на контролни натпревари. Молдавија и Црна Гора, а потоа и Хрватска во јуни се одличен тест за нас, треба да дадеме се од себе, да ги слушаме насоките на селекторот, да се фокусираме на стратегијата и се разбира, да се воигруваме за следниот циклус“. 

– „Секогаш давам 200 % за клубот и репрезентацијата, секако ќе ми биде многу драго да почнам да погодувам и во националниот дрес, различно е чувството кога даваш гол за репрезентацијата и се надевам и се надевам дека ќе ја искористам шансата ако ми се укаже“, изјави Миовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Грабеж во Англија: Хрвати го ограбиле најскапиот фудбалер на Њукасл!

Хрватски државјани на возраст од 22, 27, 31 и 42 години биле приведени во Англија како осо…