Дома Фудбал Ваков Меси досега не сме го виделе: Прв удри шлаканица на противнички фудбалер (Видео)

Ваков Меси досега не сме го виделе: Прв удри шлаканица на противнички фудбалер (Видео)

Фудбалерите на Интер Мајами не успеаја да победат и во третата последователна средба од американската МЛС, откако одиграа нерешено – 2:2 против Филаделфија, а ден по натпреварот се појави видео кое ги изненади сите.

Лионел Меси, главната ѕвезда на Интер и на целата лига, е во фокусот, откако во еден момент се обиде да го удри противничкиот играч со шлаканица, и во тоа делумно успеа.

Имено, Меси му пријде на 22-годишниот играч на Филаделфија, Квин Саливан, и по размена на неколку зборови, со отворена дланка го удри во лицето.

Потоа, Саливан се упати кон Меси и започнаа расправае лице в лице, но судијата брзо притрча кон играчот на Филаделфија и го отстрани од ситуацијата со Аргентинецот.

Меси помина без жолт картон во оваа ситуација, додека Саливан подоцна доби јавна опомена, а неговиот брат Каван Саливан заработи директен црвен картон во судиското продолжение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почнува Премиер лигата: Арсенал против новајлијата тргнува во одбрана на титулата

Денес започнува новото издание на англиската Премиер лига, каде актуелниот шампион Арсенал…