Дома Топ вести Милан ја сака ѕвездата на Леверкузен

Милан ја сака ѕвездата на Леверкузен

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран во зимскиот преоден рок на „Сан Сиро“ да ја донесе ѕвездата на Баер Леверкузен и германски репрезентативец, Карим Белараби.

Монтела сака да биде донесен еден крилен напаѓач во зимскиот преоден рок, а раководството како прв пик го одреди германскиот репрезентативец Белараби.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Белараби моментално е надвор од терените поради повреда, но во изминатата сезона покажа дека е еден од најдобрите крилни напаѓачи во Бундес лигата.

„Росонерите“ ќе се обидат да го донесат Германецот во јануари и веќе спремиле понуда од 25 милиони евра, сума која се верува дека ќе ги задоволи апетитите на „фармацевтите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Македонија со еден дебитант на стартот од мундијалските квалификации (ФОТО)

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски денеска го објави списокот за почетокот на квал…