Дома Топ вести Милан преговара за „српскиот тандем“ од Фиорентина

Милан преговара за „српскиот тандем“ од Фиорентина

Милан е во потрага по квалитетен дефанзивец во зимскиот преоден рок поради повредата на Симон Кјаер.

Кјаер денес ќе биде опериран на лигаментите на коленото и најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната, па приоритет на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде негова замена.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека прва желба е дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ кој и во летниот преоден рок беше на мета на „росонерите“.

Миленковиќ има договор до 2023 година со „виолетовите“ и Милан веќе започнал преговори, па се верува дека двата клуба ќе најдат заеднички јазик за трансфер вреден 15 милиони евра.

Во преговорите помеѓу двата клува тема е и Душан Влаховиќ, кој е мета на многу европски гиганти. Милан наводно е во пол-позиција за неговиот потпис, но Фиорентина не сака да го продава во јануари, туку на крајот  на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид е новиот европски шампион!

Реал Мадрид вечерва во Париз стигна до 14-тата титула европски шампион. Победата ја донесе…