
Арсенал го победи Вест Хем во гостување со 1:0 во 36. коло од Премиер лигата и е многу блиску до титулата првак на Англија, која ја чека 22 години. Леандро Тросар ја пресуди во 83. минута, но ако „топџиите“ го освојат првенството, а „чеканите“ испаднат од лигата, што е сега реално, вечно ќе се зборува за ситуацијата од 95. минута.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Калум-Вилсон тогаш постигна гол за 1:1, гостите побараа фаул во нападот врз голманот Раја, ВАР собата долго размислуваше, судијата Крис Кавана доби покана да ја види оваа ситуација и на крајот беше донесена одлука дека голот не важи.
Овој момент веројатно ќе ја обликува судбината на целото првенство, навивачите на Арсенал слават, титулата сега е толку блиску и сè што треба да направи овој тим е да го победи Барнли дома и Кристал Палас на гости.
„Беше пеколна недела, вистински ролеркостер. Знаевме дека играме против тим кој се бори за опстанок, клуб со голема историја. Имавме три големи шанси на почетокот и не ги искористивме. Моравме да ја менуваме формацијата поради повредата на Бен Вајт. Вложивме сè што имавме и од клупата направивме разлика. Мартин Едегард создаде одлична акција за Тросар. Тука беше одличната интервенција на Раја, а потоа апсолутен хаос во шеснаесетникот. Постигнаа гол, но ВАР го разгледа. Тоа беше голема одлука, но јасно праведна. Мојот прв инстинкт беше дека беше фаул“, изјави Артета.