
Ламин Јамал стана шампион на Шпанија по трет пат во својата кариера. Синоќа, 18-годишниот фудбалер на Барселона, кој е повреден, повторно славеше со шампионската титула, откако Каталонците го победија Реал Мадрид на „Ел Класико“ и станаа недостижни на врвот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
По овој повод, „Газета дело Спорт“ направи интересна споредба – со својата трета златна медалја во Ла Лига, Јамал го надмина суперѕвездата Кристијано Роналдо, кој има две први места за девет сезони со Кралскиот клуб.
Португалскиот голгетер го освои шпанското првенство во 2012 и 2017 година. Новиот миленик на навивачите на „блаугранас“ стана шампион во 2023, 2025 и 2026 година.