Дома Фудбал УЕФА назначи судија за финалето на Лигата на шампионите!

УЕФА назначи судија за финалето на Лигата на шампионите!

Оваа година во изданието на Лигата на шампионите ќе играат екипите на Арсенал и Пари Сен Жермен.

Топџиите во полуфиналето беа подобри од Атлетико Мадрид и се пласираа во финалето.

По реваншот во Мадрид пристигнаа многу критики за судењето на Даниел Сиеберт, но тоа не влијаеше.

УЕФА денес покажа дека стои зад овој судија и го назначи за финалето на Лигата на шампионите.

Финалето на Лигата на шампионите ќе се игра на 30 мај со почеток во 18 часот во Будимпешта.

Сиеберт е на списокот на ФИФА од 2015 година и за него ова ќе биде прво финале на некое европско клупско натпреварување.

Негови асистенти ќе бидат Јан Сеидел и Рафаел Фолтин, исто така од Германија.

Четврти судија ќе биде Сандро Шарер, додека во ВАР собата ќе биде Бастијан Данкерт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голема трагедија во семејството на Роналд Куман, почина неговата сопруга

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Холандија, Роналд Куман, соопшти соч…