Дома Трансфер зона Милан почна преговори со талентот на Барселона

Милан почна преговори со талентот на Барселона

Милан е силно заинтересиран за младата ѕвезда на Барселона, Алехандро Балде, пренесува „Калчомеркато“.


Енрике лажеше? Шпанија го избра Мароко - 17 ден ↓↓↓



Балде е продукт на школата на Барселона и оваа сезона игра за првиот тим, па доби дури и повик за Мундијалот во Катар.

Балде оваа сезона запиша 17 настапи за Барселона, на кои постигна 3 асистенции, па на 18 години дебитираше за Шпанија на Мундијалот.

Инетресно е што Балде нема се уште професионален договор со Барселона, па Милан сака да ја искористи таквата ситуација и започнал преговори со неговиот агент Жорге Мендеш.

Балде има договор со Каталонците до 2024 година, па Барселона сигурно нема лесно да го пушти и сака да „блиндира“ со долгогодишен професионален договор.

Инаку Балде игра како лев бек, но може подеднакво добро да игра и како лево крило.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус и Милан во битка за потписот на Жржињо

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! Италијанскиот ре…