Барселона би можела на Манчестер Сити да му предложи размена на играчи на бековската позиција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Каталонците биле спремни да го продадат 20-годишниот лев бек Алехандро Балде во Сити, а в замена да го добијат Жоао Кансело, кој веќе игра за нив, но како позајмен.
Кансело одлично се вклопи во тимот на Чави и Барса сака да го задржи, но има финансиски проблеми.
Гвардиола пак е силно заинтересиран за младиот Балде, кој е голем талент и веќе е стандарден во шпанската репрезентација.
Барселона е спремна да го „жртвува“ Балде за да го задржи Кансело во своите редови.