Дома Фудбал Италија Милан не губи време: Новиот договор за Ибра е спремен!

Милан не губи време: Новиот договор за Ибра е спремен!

Златан Ибрахимовиќ изгледа ќе остане во Милан и следната сезона.

Одличниот 38 годишен напаѓач втор пат во кариерата заигра за „росонерите“ и од неговото доаѓање постигна три гола и запиша една асистенција во девет натпревари. Милан со него изгледа многу подобро, па очекувано е Малдини и Бобан да сакаат да го задржат.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во неговиот договор до крајот на сезоната постои клазула за автоматско продолжување на договорот ако Милан се пласира во ЛШ. Но, бидејќи Милан во овој момент е девет бода од четвртата позиција на која е Аталанта пласирање во ЛШ сезонава не изгледа реално.

Сепак „Медијасет“ објави дека Малдини и Бобан не губат време и сеa спремни на напаѓачот да му дадат годишна плата од седум милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Слот меѓу седум напаѓачи бара замена за Исак, едно од имињата и моќен Србин

Челниците на Ливерпул наводно се подготвени да влезат на пазарот за уште еден напаѓач во ј…