Дома Фудбал УЕФА сака да почне алтернативно Светско првенство: Еве како би изгледал „мини Мундијал“

УЕФА сака да почне алтернативно Светско првенство: Еве како би изгледал „мини Мундијал“

Според пишувањето на британскиот „The Times“, УЕФА заедно со КОНКАКАФ и Азиската фудбалска конфедерација (АФК) разгледува можност за покренување на сосема ново меѓународно натпреварување кое би претставувало директна конкуренција на Светското првенство на ФИФА.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој потег наводно би бил одговор на можната кандидатура на Џани Инфантино за четврт мандат на чело на ФИФА. Меѓу опциите кои се разгледуваат се и еден вид бојкот на работата на ФИФА, вклучувајќи непристигнување на седниците на Советот на ФИФА и одбивање на потврдување на одредени одлуки. Сепак, извори тврдат дека постојат и многу порадикални планови.

УЕФА наводно веќе со години има разработен проект за Глобалната Лига нации, кој првпат беше претставен уште во 2017 година, но никогаш не беше оживеан.

Сега тој план би можел повторно да се активира и да послужи како темел за ново меѓународно натпреварување кое не би било под ингеренција на ФИФА, туку на континенталните конфедерации.

Најуспешните репрезентации од УЕФА, КОНМЕБОЛ, КОНКАКАФ, АФК, КАФ и ОФК би се квалификувале за Глобалната Лига нации, каде што би биле распределени во седум различни турнири според пласманот на листата на ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова се следните потези на Сити во преодниот рок: Мареска ќе троши уште 200 милиони евра!?

Преодниот рок на Сити не е ни блиску до крајот. На почетокот го срушија британскиот рекорд…