Дома Фудбал ФИФА се огласи за Инфантино и Трамп!

ФИФА се огласи за Инфантино и Трамп!

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги демантираше медиумските наводи дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп во обид да ја задржи својата функција.

Швајцарецот се најде на удар на критики од повеќе регионални конфедерации откако го претстави контроверзниот план за продажба на удели од Светското првенство на приватни инвеститори.

Инфантино на крајот го повлече планот, но претставници на Европската фудбалска унија (УЕФА) изјавија дека тој веќе ја изгубил нивната доверба.

„Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во изминатите денови немал никакви телефонски разговори со американскиот претседател Доналд Трамп, ниту со членови на неговата администрација. Тоа е обична фикција“, соопшти ФИФА, а пренесе агенцијата ДПА.

Весникот „New York Post“ во понеделникот објави дека Инфантино, по зголемените критики, наводно побарал помош од Трамп и неколкупати се обидел да стапи во телефонски контакт со него, но не успеал да го добие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одлична атмосфера во Прилеп: Трибините полни, а Победа гази на теренот (Фото)

Фудбалот повторно привлекува големо внимание во Прилеп. ГФК Победа одигра фантастичен натп…