Милан покажува сериозен интерес за играчот на Марсеј, Бубакар Камара, пренесуваат медиумите на Апенините.
21-годишниот играч одигра одлична сезона со Марсеј, а скаутите на Милан веќе подолго време ги следат неговите настапи и неговиот развој.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Камара е поливалентен играч кој може да игра како централен дефанзивец, но и како последен играч за врска. Милан е во потрага по засилување за средниот ред и во него гледа идеална алтернатива за Кеси.
Договорот на Камара истекува следното лето, па поради тоа Марсеј мора да го продаде, а Милан испратил понуда од 12 милиони евра.
Марсеј првично бараше 20 милиони, но сега ја намалил цената на 15 милиони, па се очекува двете страни наскоро да најдат заеднички јазик.