Милан покажува сериозен интерес за играчот на Марсеј, Бубакар Камара, пренесуваат медиумите на Апенините.
21-годишниот играч одигра одлична сезона со Марсеј, а скаутите на Милан веќе подолго време ги следат неговите настапи и неговиот развој.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Милан сакаше уште во летниот преоден рок да го донесе на „Сан Сиро“, но Марсеј ја одби понудата на „росонерите“.
Сепак, италијанскиот клуб не се откажува и работи на тоа да го донесе Камара без обештетување бидејќи договорот на Французинот со Марсеј истекува на крајот на сезоната.
Камара е поливалентен играч кој може да игра како централен дефанзивец, но и како последен играч за врска. Милан е во потрага по засилување за средниот ред и во него гледа идеална алтернатива за Кеси.