Напаѓачот на Милан, Рафаел Леао се поврзува со заминување од Италија, а како можна нова дестинација се споменува Пари Сен Жермен.
Но, ако ПСЖ сака да го доведе ќе треба да издвои огромна сума. Имено, неговиот евентуален трансфер во Париз би чинел 175 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за сума која се појавува во договорот на Леао како откупна клазула и голема е веројатноста Милан да не преговара за пониска цена. Така ПСЖ ако го сака би бил принуден да исплати 175 милиони евра.
Во досегашниот дел од сезоната Леао на 36 натпревари постигна 10 гола и запиша 11 асистенции.