Дома Трансфер зона Милан го плати 36 милиони, одигра еден меч, а сега заминува на позајмица

Милан го плати 36 милиони, одигра еден меч, а сега заминува на позајмица

Матија Калдара минатото лето пристигна во Милан како големо засилување и требаше да биде замена за Бонучи, но немаше среќа со повредите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Калдара одигра само еден меч за „росонерите“ и заработи тешка повреда на коленото, а откако се врати веднаш ја обнови повредата.

После 18 месеци рехабилитација Калдара е спремен за игра, но Милан реши да го испрати на позајмица и тоа во Аталанта каде Италијанецот ја доживеа својата афирмација.

24-годишниот дефанзивец се враќа во Аталанта на 18-месечна позајмица со право на откуп, со цел да ја „оживее“ својата кариера во Бергамо.

Милан е во потрага по нов дефанзивец, со надеж дека Калдара ќе ја „оживее“ кариерата и ќе може да се врати на „Сан Сиро“ во одлична форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…