Дома Фудбал Италија Требаше да биде најголемо засилување за Милан, а ја заврши сезоната со само два натпревари

Требаше да биде најголемо засилување за Милан, а ја заврши сезоната со само два натпревари

Тежок почеток за Италијанецот кој многу ветуваше на „Сан Сиро“.

Еден од најталентираните стопери во Италија секако е Матија Калдара, меѓутоа овој играч од кога минатото лето пристигна во Милан скоро и да не одигра ништо поради повредите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Калдара прикажуваше одлични настапи за Аталанта со што во 2017 година си обезбеди трансфер во Јувентус. „Старата дама“ потоа го остави уште една сезона во Бергамо за да собира искуство и уште повеќе да се развива.

Наредното лето следуваше изненадувачката голема зделка во која Калдара и Игуаин завршија во Милан, а Леонардо Бонучи после една сезона се врати во редовите на италијанскиот шампион. Тогаш голем дел од навивачите на Јувентус ја критикуваа управата на Јувентус дека направила катастрофална грешка со пуштањето на Калдара да си замине.

Меѓутоа веднаш по пристигнувањето Калдара во Милан започна да има проблеми со повредите. Младиот Италијанец во првата полусезона одигра само еден натпревар во Лигата на Европа пред да се повреди на тренинг.

Изгледаше дека Калдара ќе успее да се опорави за финишот од сезоната во Серија А. Настапи во Купот на Италија против Лацио, но сега пристигнуваат нови лоши вести за Џенаро Гатузо.

Калдара одново се повредил на тренинг и повторно во прашање е коленото. Тренингот како што јавуваат италијанските медиуми го напуштил на носилки и за него оваа кошмарна сезона сигурно е завршена.

Интезитетот на повредата се уште не е познат и се чекаат дополнителни информации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…