Милан после паузата игра како препороден и најверојатно ќе обезбеди пласман во Лига Европа, а ова лето „росонерите“ сакаат значително да го засилат тимот.
Веќе е познато дека Ралф Рагник ќе биде нов тренер и директор на „росонерите“ следната сезона. Германецот ќе добие солиден буџет за трансфери и веќе се познати приоритетите на трансфер пазарот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Скај Италија“ пренесува дека Милан сериозно за вклучил во трката за Сандро Тонали, кој важи за најголем италијански талент во моментов.
Веќе подолго време Интер се споменува како фаворит за неговиот потпис, но Милан веќе стапил во контакт со Бреша и сака да го „украде“ пред носот на „нероаѕурите“. Тонали е деклариран фан на Милан и е спремен да ја прифати понудата од „Сан Сиро“.
Како засилување во средниот ред треба да пристигне и Доминик Собослај од Салцбург, кој е мета на многу европски гиганти, но Рагник го убедил да го избере Милан.
„Росонерите“ сигурно ќе се засилат со еден дефанзивец и најмалку еден напаѓач во летниот преоден рок, а ново име е младиот напаѓач на Фиорентина, Душан Влаховиќ.
#Milan, Sandro #Tonali obiettivo per il centrocampo: i rossoneri proveranno ad inserirsi nella corsa al 2000 del Bresciahttps://t.co/2oi1BAINWI
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) July 7, 2020