Дома Фудбал Англија Месут Озил ја кажа разликата помеѓу Емери и Артета (Видео)

Месут Озил ја кажа разликата помеѓу Емери и Артета (Видео)

Германскиот репрезентативец Месут Озил не крие дека е задоволен што Унаи Емери беше отпуштен од Арсенал кон крајот на минатата година.

Емери го напушти „Емирати“ затоа што челниците на клубот не беа задоволни од резултатите и наместо него пристигна Микел Артета. Доаѓањето на Артета значеше и враќање на Месут Озил во првиот тим, кој не се изнаигра додека таму беше Емери.

Озил во првиот дел од сезоната најчесто беше на клупата и се повеќе се зборуваше дека ќе го напушти клубот. Но, после заминувањето на Емери за него се’ се промени и Артета го врати во почетниот состав.

Германецот не крие дека бил среќен кога Емери заработил отказ, а прилика да го “боцне“ шпанскиот стручњак искористи на припремите во Дубаи каде играчите на Арсенал се наоѓаат веќе некое време.

Новинарите го прашаа која е разликата помеѓу Емери и Артета, а Озил кратко одговори: „Кај Артета играм“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бензема со дополнување на изјавата за Жиру: Видете, ако ме споредите со „стариот“ Роналдо тогаш ја сум картингот

„Не мешајте Формула 1 со картинг. Да, јас во таа приказна сум Формула 1“. На овој начин Бе…