Дома Фудбал Останато Мендеш на состанок со Баерн: Каква ќе биде иднината на Хамес?

Мендеш на состанок со Баерн: Каква ќе биде иднината на Хамес?

0

Како што пренесуваат медиумите во Германија и Шпанија, фудбалскиот агент Жорж Мендеш денеска ќе се сретне со претставниците на Баерн Минхен за да преговара за судбината на Хамес Родригез.

На Колумбиецот му истекува двегодишната позајмица со Баварците, кои имаат опција да го откупат неговиот договор од Реал Мадрид за 35 милиони евра. По медиумите се пишуваше се и сешто, дека ќе остане во Баерн, па нема, но факт е дека Ковач не го користеше премногу во тековната сезона, па со причина се сомнева дека ќе остане во Минхен.

Наводно и самиот фудбалер би сакал да се врати во Реал, но нема тој да се прашува, големо е прашањето дали Зидан го сака во својата екипа. Постои можност да се врати во Реал, но веднаш да биде продаден на друга страна, интерес покажаа многу екипи, а најсериозно делуваат Јувентус и Наполи.

Баварците можат да го откупат за 35 милиони, па потоа можат и да го продадат, но изгледа дека нема да трошат пари на Колумбиеот само за да го продадат, ќе го откупат само доколку го гледаат во плановите на клубот за следната сезона.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тухел призна: Ако Мбапе или Нејмар заминат, ќе бараме решение!

Тренерот на Пари Сент Жермен, Томас Тухел не беше категоричен дека дека двете најголеми ѕв…