Дома Фудбал Лига на шампиони Мбапе ја потопи Барселона па зборуваше за својата иднина

Мбапе ја потопи Барселона па зборуваше за својата иднина

Килијан Мбапе синоќа беше брилијантен на Камп Ноу и со три гола му донесе на ПСЖ голема победа против Барселона (1:4) во првиот дуел од осминафиналето во ЛШ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мбапе беше незапирлив за одбраната на Барселона, а со оглед дека одамна се поврзува со Реал Мадрид, новинарите после натпреварот го прашаа дали по крајот на сезоната ќе го напушти ПСЖ.

„Дресот на ПСЖ е драг на моето срце. Мојата иднина? Би било глупаво да одлучувам за мојата иднина на еден натпревар. Отсекогаш сум зборувал дека тука сум среќен.“ – рече Мбапе.

Она што е сигурно, ако продолжи вака, неговата цена само може да расте и на лето во некој рекорден трансфер би можел да го напушти Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Хит сцена на Мундијалот: Му помагаше на противникот, а кога виде дека може да даде гол – го остави! (Видео)

На мечот од Мундијалот меѓу Уругвај и Зелено’ртските Острови кој заврши 2:2, но она …