Дома Фудбал Останато Мбапе си купи фудбалски клуб

Мбапе си купи фудбалски клуб

Килијан Мбапе, стана мнозински акционер во Каен за нешто помалку од 20 милиони евра, соопшти весникот „Паризиен“..

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Така, 25-годишниот Мбапе стана еден од најмладите сопственици на фудбалски клубови во Европа. Тој е косопственик на клубот од Нормандија, заедно со претседателот на Надзорниот совет, Пјер-Антоан Каптон, кој го поседува останатиот пакет од акциите.

Она што е особено интересно е приказната дека Мбапе како дете требал да стане член на Каен, откако клубот го видел неговиот потенцијал да стане голема ѕвезда.

Семејството гледало на тоа како здрава и заштитена средина за Килјан, но договорот пропаднал кога Каен испадна од Лиг 1 во сезоната 2011/2012, кога Мбапе имаше 13 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Kolku zarabotila БиХ na Svetot Prvenstvo

Босна и Херцеговина го заврши своето учество на Светското првенство со пораз од 0:2 од дом…