Дома Фудбал ПСЖ одбива да му плати 55 милиони на Мбапе

ПСЖ одбива да му плати 55 милиони на Мбапе

Заедничката комисија за жалби на Професионалната фудбалска лига (ЛФП) повторно побара од ПСЖ да му исплати на поранешниот фудбалер Килијан Мбапе 55 милиони евра заостаната плата и бонуси.

Како што пренесуваат француските медиуми, од ПСЖ потврдија дека не планираат да платат ниту цент и се подготвени правдата, да ја бараат на друго место.

„Сега кога комисијата за жалби го потврди мислењето дадено од правната комисија, ПСЖ одлучи да го изведе случајот пред надлежните судови. Сето ова додека сè уште се обидуваме да најдеме пријателско решение со играчот“, соопштија од парискиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн можел да го доведе Вушковиќ, но избрал друго решение

Лука Вушковиќ бил достижна цел за Баерн, но Баварците решиле да не ја менуваат одбраната. …