
Македонскиот репрезентативец и член на Џенова, Горан Пандев е меѓу 12-те номинирани за најдобар гол во Серија А за сезоната 2017/2018.
Пандев минатата сезона постигна маестрален гол против Верона со неверојатен лоб удар и тој влезе во најтесна конкуренција.
Покрај мајсторијата на Македонецот, во конкуренција се уште Андреа Белоти, Федерико Бернардески, Стефан ел Шарави, Федерико Киеза, Мауро Икарди, Луис Алберто, Дрис Мертенс, Сусо, Дуван Запата, Сими и голманот на Беневенто, Алберто Брињоли кој постигна гол против Милан.
За голот на Пандев можете да гласате ТУКА.