Дома Фудбал Англија Мајк Ешли откако го продаде Њукасл ќе купува друг англиски клуб?

Мајк Ешли откако го продаде Њукасл ќе купува друг англиски клуб?

Од пред неколку дена Мајк Ешли повеќе не е сопственик на Њукасл тој го продаде клубот на инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија за околу 360 милиони евра.

Меѓутоа според најавите од Островот тој се уште сака да остане во фудбалот. Ешли наводно смета дека поседувањето на професионален клуб е од корист за неговата компанија Спорт Дајрект. Негов нов клуб би можел да биде Дерби Каунти каде што тренер е Вејн Руни.

Дерби е во тешка финансиска ситуација, неодамна му се одземаа 12 бодови па се наоѓа на последното место во Чемпионшип.

Станува збор за клуб кој во минатото беше дел од Премиер лигата, а последен пат во елитното друштво беше во сезоната 2007/2008. Тогаш влезе и веднаш испадна со скор од само една победа и осум нерешени резултати. Треба да се спомене дека во 2014 и 2019 Дерби играше финалиња во плеј-офот за влез во Премиер лигата, но губеше од КПР и Астон Вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона планира брутална одмазда за Дембеле

Осман Дембеле се уште не донел одлука каде ќе игра следната сезона, а неговиот договор со …