Легендарниот германски фудбалер, Лотар Матеус го кажа своето мислење за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Марио Геце.
Матеус смета дека Геце не е врвен напаѓач и треба да ги намали побарувањата за плата. Негпвиот договор со Дортмунд истекува на крајот на сезоната, а двете страни најверојатно ќе се разделат ова лето.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Не можам да замислам дека тој отиде во врвен клуб. Марио постигна многу, тој ни донесе победа на Светското првенство 2014 година. Играше одлично за Борусија и понекогаш блескаше во Баерн. Но,каде е сега таков играч на фудбалскиот пазар? Геце треба да ги намали барањата не само во однос на изборот на клуб, туку и во однос на платата“, изјави Матеус.
27-годишниот Геце професионална кариера ја почна во 2009 година во Борусија Дортмунд. Во 2013 направи трансфер во Баерн Минхен, а од 2016 повторно е член на Борусија.