Ентони Марсијал пристигна како големо засилување во Манчестер Јунајтед, но оваа сезона не добива голема минутажа кај Жозе Мурињо.
Францускиот репрезентативец не е задоволен со својот статус на „Олд Трафорд“ и сака да ја промени средината уште во зимскиот преоден рок.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Сепак, „црвените ѓаволи“ не сакаат да се откажат од младиот напаѓач, но се спремни да му дозволат да замине на позајмица до крајот на сезоната.
Медиумите тврдат дека најголем интерес покажува Севиља која го сака Марсијал на позајмица до крајот на сезоната. Во прилог им оди и фактот што напаѓачот има право на настап и во осминафиналето на Лигата на шампионите, бидејќи со Манчестер јунајтед оваа сезона беше дел само од Лигата на Европа.
Сепак, последниот збор за евентуалниот трансфер ќе го има Манчестер Јунајтед!