Работнички и Ренова денес одиграа пријателски натпревар на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот помеѓу двата прволигаши заврши со победа на Работнички. Натпреварот го реши Марио Станковски кој постигна гол од пенал во 47. минута од натпреварот.
Бидејќи натпреварот беше од пријателски карактер Димитар Тодоровски доби два жолти картони после половина, но Работнички не остана со играч помалку. Во договор со Ренова „романтичарите“ внесоа нов играч на негово место.